Економскиот потпретседател на Барселона, Едуард Ромеу имаше само пофални зборови за претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Ромеу изјави дека благодарение на разумната финансиска политика сега Реал Мадрид е во можност да ги донесе истовремето Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Можно е Реал да потпише со Халанд и Мбапе. Тие се голем и многу силен клуб. Ако ние добро си ја пишувавме домашната изминатите години ќе бевме во иста ситуација“, изјави Ромеу.
„Треба да му симнеме капа на Флорентино Перез за начинот на кој управува со клубот. Никој не може со Перез за економско и бизнис ниво. Имам голем респект кон него и само пофални зборови“, додаде потпретседателот на Барселона.