Хаким Зијеш во последните моменти од преодниот рок имаше неуспешен обид за позајмица во ПСЖ, трансферот пропадна затоа што документите од страна на Челзи не беа на време доставени од Лига 1.
Зијеш ги помина лекарските клубови, клубовите се договорија Мароканецот до крајот на сезоната да биде во Париз, сепак на крајот мораше да се врати во Лондон.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Денес се појавија и информации дека може да се пресели во Турција каде што преодниот рок се уште е отворен, наводно Бешикташ и Фенербахче покажале интерес.
Сепак, демант на овие информации може да биде изјавата на стратегот на Челзи, Грем Потер. Потер порача дека Зијеш може да биде важен дел за „сините“ во продолжение од сезоната.
„Знам дека Хаким е вистински професионалец и тој добро ја сфати ситуацијата во која се најде. Трансферот пропадна и се врати на тренинзите, работи со екипата како што беше случај и претходно. Ќе биде важен играч за нас во продолжение од сезоната, не се сомневам во тоа“, изјави Потер.
Зијеш во Челзи пристигна во 2020 година од редовите на Ајакс, а претходно настапуваше за Твентер и Херенвен, сезонава за Челзи одигра 15 натпревари во сите натпреварувања.