Тренерот на Челзи, Грем Потер знае дека нема да биде лесно против Милан во Лигата на шампиони, но неговиот тим се наоѓа пред императив победа.
Потер истакна дека целта се трите бода, а посебно го пофали Рафаел Леао, кој е најголема опасност за „сините“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Играме против одличен тим со различен начин на игра. Милан е топ тим и треба да бидеме многу добри за да ја постигнеме целта, а тоа се трите бода. Важно е да победуваме дома, но сега играме против италијанскиот шампион и потребна е одлична атмосфера“, изјави Потер.
„Жиру е играч кој сите во Челзи добро го познаваат. Тој е врвен напаѓач. Леао пак е импресивен фудбалер, кој прави разлика. Игра на највисоко ниво и сметам дека би правел разлика и во Премиер лигата“, додаде Потер.