Дома Фудбал Англија Потер за контроверзниот пенал на Челзи: Не знам, не можев да гледам – само ги слушнав навивачите!

Потер за контроверзниот пенал на Челзи: Не знам, не можев да гледам – само ги слушнав навивачите!

Менаџерот на Челзи, Грем Потер, бил емотивен при пеналот кој го изведуваше Каи Хаверц против Борусија во вчерашниот ревамш од осминафиналето.

Фудбалерите на Челзи по голема борба успеаја да ја елиминираат Борусија. По поразот од Дортмунд од 1:0, реваншот во Лондон беше 2:0 за англискиот тим.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Не сум сигурен како се чувствувам! Има многу емоции. Беше тензично до крајот од мечот, но момците одиграа фантастично. Воодушевен сум што поминавме понатаму“, изјави Греам Потер.

Пеналот предизвика големи контроверзии. Германците протестираа затоа што беше повторен (во првиот обид Хаверц промаши), но Каи Хаверц ја затресе мрежата од вториот обид за водство на Челзи од два гола.

„Да бидам искрен, не видов сè баш најдобро. Сè што знам е дека некој влезе порано. Понекогаш се случуваат такви работи. Каи (Хаверц) го издржа притисокот. Очигледно е дека имаме доверба во него. Не гледав кога шутираше, но се воодушевив кога ги слушнав навивачите. Изведувањето пенали не е за мене, му се восхитувам на секој што го прави тоа“.

Со пласманот меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите, кај Потер и тимот дојде големо олеснување по лошите резултати во претходниот период.

„Беше фантастично чувство во соблекувалната. Поминавме низ тежок период и ова натпреварување ни значи многу. Сакавме да се пласираме во осминафиналето и успеавме. Но, сега треба брзо да се опоравиме и да се подготвиме за сабота кога играме со Лестер во Премиер лигата“, заклучи Потер.

Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите е закажана за петок, 17 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…