Навивачите на Челзи ги преминале сите граници и му се заканувале на тренерот Грем Потер и неговото семејство поради лошите резултати на клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Челзи игра катастрофално под водство на Потер, кој добива поддршка од раководството на клубот, но очигледно навивачите не се среќни поради тоа.
Некои навивачи ја надминале секоја граница и му се заканиле на тренерот Потер, кој случајот го пријавил во полиција.
„Колку што имам поддршка, толку имам и лоши мејлови со закани. Сакам да бидам успешен со Челзи. Кога одите на работа и некој ве навредува, нема да ви биде убаво. Добивам закани по својот живот и животот на семејството“, откри Потер.