Дома Фудбал ПОТЕГ ЗА РЕСПЕКТ: Роналдо ја остави статистиката зад себе и покажа големина!

ПОТЕГ ЗА РЕСПЕКТ: Роналдо ја остави статистиката зад себе и покажа големина!

Реал Мадрид полека се враќа во препознатливата форма, денес беше совладан Алавеш и така дополнително си ја врати самодовербата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Заостанувањето зад Барселона изгледа недостижно, но Реал започна да игра во вистинско време, токму кога стартуваше нокаут фазата од Лигата на шампионите каде што го совладаа ПСЖ со 3:1.

Роналдо денес во победата над Алавеш постигна два погодоци. Во 90 минута беше досуден пенал за „кралевите“ при резултат 3:0. Целиот стадион очекуваше Роналдо го изведе пеналот, но тој топката му ја препушти на Карим Бензема и така му помогна на Французинот да добие на самодоверба.

Португалецот избра да биде другар, па и кога лесно можеше да стигне до 50 хет-трик во кариерата. Бензема без сомневање ќе знае тоа да го цени, а ова веројатно е доказ дека Роналдо не е заинтересиран исклучиво за своите голови и статистиката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трагедија во Франција: Во големото славје загина тинејџерка, паднала од камион

Седумнаесетгодишна девојка го загуби животот во Оноа-Емери во северна Франција, откако пад…