Изгледа дека повеќе нема никакви дилеми, Јувентус повторно се засилува за „џабе“.
Инсајдери од Италија потврдуваат дека повеќе нема дилеми, Емре Чан е нов фудбалер на Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Германецот се договорил, не успеа да стигне во Јануари, Клоп не сакаше да го пушти, но во јуни ќе нема никакви пречки Чан да се пресели во Торино.
„Тоа е завршено, тој избра и со нетрпение чека да го облече дресот на Јувентус. На пазарот вреди 40 милиони евра, но Јуве ќе го доведе бесплатно, Марота повторно направи одличен потег“, изјави агентот Пасторело.
Чан е прва коцка од новиот среден ред на Јувентус кој веројатно ќе претрпи големи промени во текот на леото. Се очекува заминувањето на Кедира, Стураро, веројатно и Маркизио, а сигурни се само Матуиди, Пјаниќ и Бентакур.
Јувентус го сака Пелегрини од Рома, Милинковиќ-Савиќ е прескап, а мети се уште Прает од Сампдорија како и Фабињо од Монако за кого се спремни да платат 50 милиони евра.