Дома Фудбал Лига на шампиони Потврдено: Финалето во ЛШ ќе се игра во август!

Потврдено: Финалето во ЛШ ќе се игра во август!

Претседателот на Турската фудбалска федерација, Нихат Оздемир потврди дека финалето во Лигата на шампионите дефинитивно ќе се игра во Инстанбул и во август, сепак не прецизираше точен датум.

Финалето во најелитното клупско натпреварување во Европа требаше да се одржи во мај, меѓутоа тоа се одложи поради коронавирусот. Турската лига пак треба да започне на 12. јуни и да заврши на 26. јули.

„Се надеваме дека се најдобро ќе заврши со нашите лиги до крајот на јули. Ќе ги поделиме пехарите освени на терен, а сезоната ќе ја завршиме така што ќе бидеме домаќини на финалето во ЛШ во август“, изјави Оздемир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Џексон воодушевен од Манзамби: Ќе стигне до самиот врв

Јохан Манзамби му донесе победа на Астон Вила на гости кај Њукасл, а Николас Џексон порача…