Резервниот голман на Пари Сен Жермен Александре Летеје најави заминување oд Париз.
Овој 33-годишен француски голман, чиј договор истекува на 30 јуни, пристигна во ПСЖ во 2020 година, меѓутоа забележа само два настапи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„По четири години гордост што ги носам боите на мојот омилен клуб, време е да се збогуваме“, порача тој на Инстаграм доцна синоќа, само неколку дена откако беше објавено заминувањето на вториот резервен голман Кејлор Навас.
Според пишувањата на повеќе медиуми, следната сезона Русинот Матвеи Сафонов ќе биде новата замена за Италијанецот Џанлуиџи Донарума, првиот голман на ПСЖ.
Голманот Серхио Рико, кој беше тешко повреден додека возеше во 2023 година, се врати во тренинг центарот на ПСЖ за да ги помине лекарските прегледи.