Дома Фудбал Потврдено: Симеоне стана најплатен тренер во светот!

Потврдено: Симеоне стана најплатен тренер во светот!

Тоа што медиумите го претпоставуваа сега доби потврда – Диего Симеоне со новиот договор во Атлетико Мадрид стана најплатен тренер на светот.

Со новиот договор Симеоне ќе заработува повеќе од најплатениот фудбалер во тимот, Антоан Гризман чија годишна плата изнесува 20 милиони евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Претседателот на Атлетико, Екрике Серезо наговести дека Симеоне ќе добие плата од соништата, а кога пред еден месец го прашаа дали ќе заработува повеќе од Гризман, тој не сакаше конкрентно да одговори.

Диего Симеоне влера и официјално стави потпис на нов договор и се обврза на верност со „јорганџиите“ до 2022 година, иако имаше понуди од Челзи и ПСЖ.

Токму поради богатите понуди кои ги имаше Чоло, Атлетико веднаш реагираше и не смееше да го загуби тренерот кој од пред една деценија ја промени историјата на клубот.

Шпанските медиуми потврдија дека со новиот договор Симеоне заработува повеќе од Гвардиола чија годишна плата во Манчестер Сити изнесува 18 милиони евра. Исто толкава беше и платата на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.

Чоло е на кормилото на Атлетико Мадрид од 2011 година и под негово раководство тимот до сега одиграл 412 меча, од кои победил на 252. Импресивно делува фактот дека на цели 216 меча по негово водство „јорганџиите“ не примнаа гол.

Симеоне до сега освои седум трофеи со Атлетико – титула во Примера, Купот на Шпанија, Суперкупот на Шпанија, две титули во Лига Европа и две титули во Суперкупот на Европа. Притоа, тимот играше два пати во финалето од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкупи доби нов генерален директор

Ајкут Туран официјално презеде функцијата генерален директор – извршен директор на фудбалс…