Дома Фудбал Репрезентации Потврдено: Овие 19 Шпанци сигурно патуваат на Светско првенство

Потврдено: Овие 19 Шпанци сигурно патуваат на Светско првенство

Селекторот на шпанската репрезентација Хулен Лопетеги ги знае имињата на 19 од вкупно 23 фудбалери кои ќе земат учество на Светското првенство во Русија.

Синоќа „црвената фурија“ ја декласираше Аргентина со 6:1 во Мадрид во пријателски натпревар и даде до знаење дека ќе биде еден од фаворитите за освојување на Мундијалот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓу избраниците на Лопетеги се Давид де Геа, Пепе Реина, Кепа, Даниел Карвахал, Серхио Рамос, Жерард Пике, Начо Фернандез, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Коке, Андрес Иниеста, Тиаго Алкантара, Саул Нигес, Давид Силва, Иско, Марко Асенсио, Јаго Аспас, Диего Кошта и Алваро Мората.

Според ова, во шпанската репрезентација има само слободни места, а за последните четворица патници Лопатреги ќе одлучи после последниот пријателски натпревар.

На 3 јуни Шпанија ќе игра контролен натпревар со Швајцарија во Виљареал, а на Мундијалот „црвената фурија“ е во група со Иран, Мароко и Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти плачел и го молел Касемиро да не заминува од Реал Мадрид

Бразилецот Касемиро заедно со Лука Модриќ и Тони Крос десет години царуваа на средината од…