Дома Фудбал Останато ПОТВРДЕНО: Ова ќе биде спектакл – Болт ќе заигра на „Олд Трафорд“!

ПОТВРДЕНО: Ова ќе биде спектакл – Болт ќе заигра на „Олд Трафорд“!

Oсумкратниот олимписки шампион Усеин Болт, иако нема да заигра за Манчестер Јунјатед, сепак има можност да ја почуствува атмосферата на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Болт ќе биде во „тимот на светот“, додека противничкиот тим ќе биде предводен од познатиот пејач, Роби Вилијамс.

На 10 јуни организацијата „Сокер ејд“ организира натпревар во кој од 2016 година учествуваат познати личности и фудбалери. Оваа година помеѓу нив ќе биде и Усаин Болт.

Учесниците се поделени во две екипи, Англија и „Сокер ејд тим на светот“.

„Играњето против некои од најголемите фудбалски легенди ќе биде одлично. Роби Вилијамс и неговиот тим ќе мораат да внимаваат бидејќи нема воопшто да ги штедам“, предупредува Болт и додаде дека веќе знае како ќе го прослави голот за кој верува дека ќе го постине.

Болт е само еден од познатите спортисти кои учествувале. Од фудбалерите во претходните години на овој натпревар учествуваа Диего Марадона, Роналдињо, Алан Ширер, додека од познатите личности тука беа Крејг Дејвид, Гордон Ремзи, Мајк Мајерс, Вил Фереи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клубот го доведе бесплатно како дете: Сега е откритие на Светското првенство и вреди 50 милиони евра

Современиот фудбал сведочи на смена на генерации во која познатите имиња полека се повлеку…