Каталонските медиуми блиски до Барселона потврдија дека клубот од „Камп Ноу“ ќе ја искористи клаузулата во договорот и ќе го врати Жерар Делофеу во своите редови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Барселона во договорот со Евертон ставила клаузула според која ќе може да го врати „своето дете“ за 12 милиони евра, а „Мундо Депортиво“ тврди дека Каталонците тоа сигурно ќе го направат.
Делофеу одигра одлична полусезона на позајмица во Милан и заработи повик во шпанската репрезентација, па неговата моментална цена е многу поголема од 12 милиони евра.
Поради тоа Барса со сигурност ќе ја активира клаузулата, а дали ќе го задржи крилниот напаѓач или ќе го продаде на друг клуб за многу поголема сума, останува да видиме.