Дома Фудбал Италија Потврдено: Милан ја награди младата ѕвезда со нов договор

Потврдено: Милан ја награди младата ѕвезда со нов договор

Патрик Кутроне оваа сезона е најпријатното изненадување не само во Милан, туку и во целата Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Куртоне во летото беше прекомандуван во првиот тим и буквално „експлодира“, веќе има постигнато 16 гола оваа сезона во сите натпреварувања и доби повик од сениорската репрезентација.

Италијанските медиуми денес потврдија дека Милан и напаѓачот постигнале договор за продолжување на соработката до 2023 година и договорот ќе биде потпишан во наредните денови.

Кутроне со новиот договор ќе добие значително зголемување на платата, па наместо 200.000 евра колку што заработува во моментов, ќе добива 1 милион евра по сезона.

„Скај Италија“ пренесува дека договорот ќе биде потпишан во наредните денови и во него нема да има никаква откупна клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…