Oдлични вести пристигнуваат од Македонската фудбалска репрезентација.
Имено, УЕФА денес потврди дека Македонија ќе биде еден од носителите на ждрепката за новоформираното натпреварување, Лига на нации.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сениорската селекција на Македонија за ваквиот статус се избори со бодот против Италија и победата против Лихтенштајн, а ждрепката ќе биде одржана на 24 јануари во Лозана.
Како што веќе најавуваме ние е наоѓаме во последната, најслаба Лига Д во која и ќе бидеме носители, а тоа ни дава огромна шанса за пласман на Европското првенство 2020 година.
Да потсетиме, најпрво ќе мораме да бидеме да бидеме први во својата група, а потоа преку плеј-оф разигрувањето да стигнеме и до посакуваниот пласман на едно големо натпреварување.
Работите во нашата лига стојат вака.
Прв шешир: Македонија, Азербејџан, Белорусија, Грузија.
Втор шешир: Ерменија, Летонија, Фарски Острови, Луксембург.
Трет шешир: Казакстан, Молдавија, Лихтенштајн, Малта.
Четврт шешир: Андора, Косово, Сан Марино, Гибралтар.
Натпреварувањето започнува во септември наредната година.