Дома Топ вести Потврдено: Кејлор Навас мора на пауза – Познато и кога се враќа на терените!

Потврдено: Кејлор Навас мора на пауза – Познато и кога се враќа на терените!

Голманот на Реал Мадрид има проблеми со десното стапало.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид во наредните две недели не ќе може да смета на голманот Кејлор Навас кој го повреди десното стапало во натпреварот од Лигата на шампионите против Тотенхем (1:1)

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите остана без Костариканецот за натпреварите во Примера, Кралскиот куп и Лигата на шампионите. Реал во наредните петнаесетина денови го очекуваат натпревари против Еибар (22 октомври), Фуелабрада (26 октомври), Гирона (29 октомври), Тотенхем (1 ноември) и Лас Палмас (5 ноември).

На местото на Навас помеѓу стативите на „кралевите“ ќе застане Кико Касиља, а негови замени ќе бидат Лука Зидан и Моха Ајрам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…