Плејмејкерот на Реал Мадрид, Иско не е целосно опоравен од повредата и нема да биде дел од тимот за утрешниот меч со Баерн Минхен во Лигата на шампиони.
Фудбалерот не се чувствувал сосема подготвен за денешниот тренинг, кој беше последен пред утрешниот дуел на „Сантиаго Бернабеу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иско има болка во рамото со кои се здоби на првиот меч против Баерн, а Зидан денес потврди дека нема да бидат повикани играчите кои не се 100% спремни.
Иако Зидан се уште официјално не го објавил списокот на фудбалери за утрешниот меч, шанските медиуми потврдија дека Иско сигурно нема да игра против Баерн.
?? ¡Seis goles de larga distancia! #APorLa13 | #HalaMadrid pic.twitter.com/ZfSNw6fXk9
— Real Madrid C.F. ⚽️ (@realmadrid) April 30, 2018