Дома Топ вести Потврдено: Зидан во следното коло без шпиц – Еве колку ќе паузира Бензема!

Потврдено: Зидан во следното коло без шпиц – Еве колку ќе паузира Бензема!

benzema

Зинедин Зидан во следното коло од Примера не ќе може да смета на ниту еден класичен напаѓач.

Реал Мадрид денес го направи вториот кикст од стартот на сезоната, во Примера одиграа 1:1 на својот стадион против екипата на Леванте. Во текот на првото полувреме се повреди и напаѓачот на „кралевите“, Карим Бензема, па во во шпицот на нападот Зидан мораше да го уфрли Велшанецот Герет Бејл.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега е откриено каква повреда заработил Французинот и колку време ќе биде надвор од теренот, Бензема заработил повреда на мускулот, а според првите проценки тој ќе отсуствува од 4 до 6 недели.

Дека на Реал ќе му биде тешко со Бејл во нападот, доказ е и овој натпревар против Леванте во кој клубот од Мадрид постигна само еден гол против новајлијата во Примара.

Бидејќи сеуште важи суспензијата на Роналдо, поточно Зидан не ќе може да смета на Португалецот уште едно коло, единствен избор на Зидан на гостувањето кај Реал Сосиедад ќе биде младиот Борха Мајорал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…