Дома Трансфер зона Потврдено – Двоецот на „Волчицата“ во Зенит, Мончи на „шопинг“ со стотка!

Потврдено – Двоецот на „Волчицата“ во Зенит, Мончи на „шопинг“ со стотка!

Рома заврушува уште една одлична продажба.

Спортскиот директор на Рома, Мончи, е познат како човек кој од ништо прави пари, а реконструкцијата на Рома веќе ја започна.


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Откако Салах беше продаден на Ливерпул за 42 милиони евра и плус осум како бонуси сега за истата сума Костас Манолас и десниот бек Леонардо Пардес на почетокот на наредната недела ќе се преселат во руски Зенит. Новиот тренер на Зенит, Роберто Манчини, не се двоумеше кога овие двајца му беа понудени, па го убеди раководството на клубот за двата фудбалери на Рома да и исплати 45 милиони евра и дополнителни пет преку бонуси.

Со оваа продажба Рома веројатно ја заврши со продавањето па сега ќе тргне по засилувања. Не е тајна дека „Волчицата“ како приоритети ги означи дефанзивецот Рика Красдор од Фејенорд и играчот од средината на Ница Жана Сери.

Сепак јасно е дека во Рим е потребно некое топ засилување од „кремот“ на европскиот фудбал. Сега имаат „стотка“ на располагање и време добро да размислат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Осимен не сака во ПСЖ, преферира трансфер во Англија

Осимен иако го продолжи договорот со Наполи сепак најави дека ова лето ќе ја промени среди…