Дома Македонски спорт Потврдено: Дарко Велковски си заминува од Ријека!

Потврдено: Дарко Велковски си заминува од Ријека!

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Велковски после четири години дефинитивно си заминува од Ријека каде што пристигна летото 2018 година од редовите на Вардар.

Веќе некој период се најавуваше дека Велковски ќе си замине, откако минатото лето доби едногодишен договор. Сега спортскиот директор на Ријека, Роберт Паликуќа потврди дека Велковски сака нов предизвик. Заедно со Велковски си заминува и Павличиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека повеќе не треба да се шпекулира. Знаеме дека Велковски и Павличиќ нема да останат. Двајцата бараат нови предизвици и се ориентирани кон трансфер надвор од Хрватска“, изјави Паликуќа за „РТЛ“.

Во кариерата Велковски покрај Вардар играше и за Работнички. Со црвено-црните освои три титули во Македонија, а беше дел и од тимот на Вардар кој играше групна фаза во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…