Она што се шпекулираше во претходните денови сега доби и потврда, Марко Арнаутовиќ наредната сезона ќе игра во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Арнаутовиќ од наредната сезона ќе го носи дресот на Болоња, во изјава за италијанските медиуми оваа информација ја потврди директорот на италијанскиот клуб, Валтер Сабатини.
„На Болоња и недостасува дрскост и ароганција. Поради тоа го доведуваме Арнаутовиќ. Тој е кавгаџија, а јас сакам такви играчи“, изјави Сабатини.
Ќе потсетиме, Арнаутовиќ својот проблематичен карактер го покажа и на Европското првенство кога во натпреварот против нас влезе во конфликт со Езгјан Алиоски во финишот од натпреварот.