Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ оваа сезона како позајмен играч од Реал Мадрид настапува во редовите на Челзи.
„Сините“ го добија Ковачиќ на позајмица како дел од трансферот на Тибо Куртоа, а во блиска иднина би можеле да видиме уште еден трансфер на релација, Лондон – Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еден Азар долго време веќе се поврзува со Реал Мадрид, а сега Ковачиќ потврди дека Белгиецот се распрашувал за Реал Мадрид.
„Ме праша каква е ситуацијата во Реал. Меѓутоа, ние сме фокусирани на Челзи. Посебно тој бидејќи прави одлични работи за клубот. За мене тој е неверојатен фудбалер. Претходно не знаев дека е толку добар. Без проблем може да биде помеѓу најдобрите два-три играчи во светот“, изјави Ковачиќ.
Ковачиќ оваа сезона настапи на 22 натпревари за Челзи и запиша една асистенција.