Eкипата на Тотенхем ќе биде без Антонио Конте кој ќе го пропушти претстојниот натпревар против Олимпик Марсеј, последен во групата и решавачки за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, поради црвениот картон на натпреварот против Спортинг.
Вчера во Лондон, Тотенхем одигра 1:1 против Спортинг во петтото коло, а во шестата минута од судиското надополнување, по употребата на ВАР технологијата, голот на Хари Кејн беше поништен. Потоа Конте поради жестоките протести доби црвен картон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако Тотенхем победеше во тој натпревар ќе имаше обезбеден пласамн во осминафиналето, но сега се ќе се решава во последното коло на 1. ноември.
Лондонскиот тим е прв на табелата со осум бодови, а го следат Спортинг и Ајнтрахт со по седум бодови, додека Олимпик е последен со шест.