Дали Лионел Меси навистина се огласил или станува збор за изјава?
Бројни аргентински медиуми и каталонски пишуваат за наводно прво ограње на Меси за неговата ситуација со заминувањето од Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Изјавата на која се врти по медиумите ја пренесе и каталонскиот „Спорт“ повикувајќи се на аргентинскиот „Национал“.
„Одлучив заедно со Антонела (сопругата) да ја напуштам Барсеона. Ме боли душата, но тоа е тоа. Циклусот е завршен“, наводно изјавил Меси.
Меси целата своја кариера ја помина во Барселона и стана еден од најголемите спортисти на сите времиња и неговиот трансфер би бил сигурно еден од најголемите.