Лука Модриќ ќе игра во Реал Мадрид и наредната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот договор на Модриќ со Реал е со важност до јуни 2021 година, а двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до 2022 година.
35-годишниот фудбалер е исклучително важен дел од тимот на Зидан, но исто така има големо влијание во соблекувалната.
Поради тоа „кралевите“ се одличија да му понудат да остане на „Сантиаго Бернабеу“ уште една година.
Шпанските медиуми тврдат дека во наредните денови се очекува официјализација на новиот договор.
Luka Modrić is on the verge of agreeing a new contract with Real Madrid. (Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/h89ZcCx7we
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 27, 2021