Дома Фудбал Постигнат договор: Модриќ останува во Реал Мадрид

Постигнат договор: Модриќ останува во Реал Мадрид

Лука Модриќ ќе игра во Реал Мадрид и наредната сезона, пренесуваат шпанските медиуми.

Актуелниот договор на Модриќ со Реал е со важност до јуни 2021 година, а двете страни постигнале договор за продолжување на соработката до 2022 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


35-годишниот фудбалер е исклучително важен дел од тимот на Зидан, но исто така има големо влијание во соблекувалната.

Модриќ ги прифатил условите на Реал Мадрид и се согласил за значително намалување на платата.

Хрватот моментално заработува 12 милиони евра по сезона, а новиот договор не е ни приближно до оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белингам ги избра најдобрите двајца фудбалери со кои играл

Реал Мадрид пред почетокот на сезоната во рекорден трансфер од 103 милиони евра во своите …