Лион и Милан постигнаа договор за трансфер на плејмејкерот Лукас Пакета, потврди „Скај Италија“.
Пакета пред две години пристигна на „Сан Сиро“ како еден од најголемите бразилски таленти, но не се снајде најдобро во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пакета не влегуваше во плановите на тренерот Пиоли, па Бразилецот кариерата ќе ја продолжи во Франција.
Лион во него гледа идеална замена за Хусем Оар, кој е на чекор од Арсенал, па брзо постигна договор со Милан.
Лион за потписот на Пакета ќе плати 20 милиони евра плус бонуси, а Милан со неговата продажба ќе финансира купување на нов дефанзивец.
#Calciomercato | #Milan, #Paquetà saluta: va al #Lionehttps://t.co/ClSLluo3ma
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) September 29, 2020