Дома Топ вести Постигнат договор: Интер добива одличен напаѓач – го враќа во Серија А после една сезона!

Постигнат договор: Интер добива одличен напаѓач – го враќа во Серија А после една сезона!

inter

Како што пренесува Џанлука Ди Марцио договорот е постигнат само останува да утврдат деталите.

Интер долго време се обидуваше да го ангажира Лука Модриќ, но од Хрватот изгледа сепак нема да има ништо, тој донесе одлука да остане во Мадрид. Сепак, „нероаѕурите“ паралелно работеа и на трансферот на Кеита Балде од Монако и тука имаат успех.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Според експертот за трансфери Интер постигнал договор со Монако за позајмица со право на откуп.

„Нероаѕурите“ ова лето на клубот од Кнежеството ќе му платат пет милиони евра, а ќе имаат право на откуп на редното лето за сума од 34 милиони евра.
Доколку Интер ја активира таквата ставка од договорот, Балде со клубот од Милано ќе потпише договор на четири години.

Дополнителен доказ дека трансфер е пред реализација е што овој фудбалер не се најде на списокот повикани фудбалери за првиот натпревар на Монако од француското првенство.

Ќе потсетиме, овој фудбалер во Италија претходно го носеше дресот на Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…