Дома Фудбал Постигнат договор: Ибрахимовиќ денес става потпис!

Постигнат договор: Ибрахимовиќ денес става потпис!

Милан и Златан Ибрахимовиќ кончено постигнаа договор за продолжување на соработката, тврдат италијанските медиуми.

„Росонерите“ сакаа да го задржат искусниот напаѓач уште една сезона на „Сан Сиро“, но не можеа да постигнат договор со неговиот агент.

Милан понуди 5 милиони евра плус 2 милиони во вид на бонуси, додека Ибра бараше годишна плата од 7 милиони евра фиксни.

„Скај Италија“ тврди дека „росонерите“ ја подобриле понудата на 6,5 милиони евра фиксни по сезона и двете страни конечно постигнале договор.

Ибра моментално се наоѓа во Шведска и се очекува денес или најдоцна утре да пристигне во Милано и да стави потпис на договорот, а потоа да им се придружи на соиграчите кои вчера ги започнаа подготовките за новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…