Десниот бек на Пари Сент Жермен, Томас Муние кариерата ќе ја продолжи во Борисија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
28-годишниот десен бек е трансфер мета на многу европски клубови бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува ова лето.
Муние беше дел од белгискиот тим на СП 2018 кој го осво третото место, но ПСЖ реши да не му понуди нов договор, па ќе замине како слободен агент.
Последните информации говорат дека Муние ја избрал Борисија Дортмунд и наскоро се очекува официјализација на трансферот.
Тоа значи дека Ашраф Хакими, кој има исклучителна сезона, на лето ќе се врати во Реал Мадрид.