Неодамна од медиумите на Островот се појави вест дека Вејн Руни е блиску до нов ангажман, а сега изгледа дека е се завршено.
Се уште не е ништо потпишано, но според последните информации кои пристигнуваат од Островот и САД, Руни постигнал договор со клубот кој се натпреварува во МЛС лигата, Ди-Си Јунајтед.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вејн Руни минатото лето се врати во Евертон каде што ја започна фудбалската кариера, имаше прилика да одигра уште една сезона на „Гудисон“ со оглед на тоа што неговиот договор имаше важност од две години, но се одлучи за МЛС лигата.
Ди-Си Јунајтед за услугите на англискиот ветеран ќе плати сума од 12 милиони фунти.