Дома Фудбал Италија Постигнат договор, Бенасер наскоро става потпис

Постигнат договор, Бенасер наскоро става потпис

Милан постигна договор со Исмаил Бенасер за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


24-годишниот Бенасер игра одлично и во последните сезони се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2023 година, но Милан сака да го награди за добрите партии со побогат договор.

Последните информации се дека двете страни постигнале договор и Бенасер ќе стави потпис до 2027 година, а годишно ќе заработува 4 милиони евра плус бонуси.

Алжирецот во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, која ќе биде избришана со новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дебитантот немоќен, Струга подобра од Шкендија Арачиново!

Шкендија Арачиново нема по добро да го памети деби настапот во Првата лига откако денеска …