Раководството на Барселона го завршила првото засилување во јануарскиот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Така барем тврди „Мундо Депортиво“, а станува збор за одбранбениот фудбалер на Манчестер Сити, Ерик Гарсија.
Гарсија одби да го продолжи договорот со Манчестер Сити поради интересот од Барселона. Поради таквата ситуација челниците на Сити беа принудени да ја прифатат понудата вредна 3 милиони евра.
Гарсија се согласил до крајот на актуелната сезона да игра без да добие никаква плата, а во наредните 5 години ќе добива 3 милиони евра по сезона плус бонуси.