Трансферот ќе биде реализиран кога фудбалерот ќе наполни 18 години.
Од повеќе извори пристигнува иста вест – Бразилецот Паулињо е нов фудбалер на Баер Леверкузен и на овој клуб ќе му се приклучи во текот на летото, односно после 15 јули кога Паулињо ќе наполни 18 години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн Минхен исто така беше заинтересиран за услугите на овој фудбалер, но сепак ја изгуби трката со ривалот од Бундес лигата што е навистина реткост.
Секако, причината поради која Паулињо го избира Леверкузен е поголемиот простор за игра кој сигурно ќе го има повеќе отколку во Минхен.
Во медиумите се објавуваат и бројки од трансферот. Неговиот сегашен клуб Васко Де Гама ќе добие 25 милиони евра, а доколку Паулињо исполни одредени одредени услови бразилскиот клуб ќе инкасира дополнителни 10 милиони евра.
Паулињо е роден на 15 јули 2000 година, игра на позицијата напаѓач и ги помина сите младински категории на „кариоките“.