Дома Фудбал После 13 години си заминува креаторот на најголемите успеси на Сити

После 13 години си заминува креаторот на најголемите успеси на Сити

Чики Бегиристаин, спортскиот директор на Манчестер Сити кој е архитект на сите најголеми успеси на екипата во последните години го напушта клубот.

Шпанецот веќе 13 години беше задолжен за ангажманот на тренерите и фудбалерите и сигурно е еден од најзаслужните за успесите на „граѓаните“.

Англискиот медиум тврди дека клубот веќе има договор со личноста која ќе го наследи на функцијата на почетокот на 2025 година, но не открива кој ќе биде тој.

Бегиристан беше технички директор на Барселона во периодот од 2008 до 2010 година, кога Пеп Гвардиола беше тренер и токму тој го донесе на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…