Дома Фудбал После 10 години Барнли го отпушти Шон Дајч

После 10 години Барнли го отпушти Шон Дајч

Tимот на Барнли го отпушти Шон Дајч на само осум натпревари до крајот на сезоната.

50-годишниот Дајч тренер на Барнли е од 2012 година, а клубот го предводеше до две промоции во Премиер лигата. Во овој момент Барнли се наоѓа на 18. место на табелата со четири бодови помалку од Евертон кој е на 17. позиција.

Барнли игра лошо сезонава и има само четири победи во Премиер лигата, а негов последен натпревар беше поразот од Норвич со 2:0. Отказот на Дајч го потврди и Барнли преку соопштениет на клупскиот сајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал подготвува 80 милиони евра за враќање на Нико Паз?

Мадриѓаните планираат следното лето да ја активираат опцијата за враќање на аргентинскиот …