Анхел Ди Марија вчера беше една од најомразените личности на „Олд Трафорд“, но веројатно никој не очекуваше дека навивачите на Манчестер Јунајтед ќе го дочекаат на така суров начин.
Аргентинскиот фудбалер одигра една сезона Јунајтед, но после несогласувањата со тогашниот тренер, Луис Ван Гал го напушти клубот и потпиша за Пари Сен Жермен. Ди Марија пред овој натпревар изјави дека очекува свирежи. Сепак сигурно не очекуваше таков пречек.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Навивачите на Манчестер Јунајтед му свиреа од првата до последната минута, а често пати од трибините се дофрлуваа и пцовки. Но, секоја граница беше надмината кога Ди Марија сакаше да изведе корнер, а еден од навивачите кон него фрли стаклена флаша пиво.
Ди Марија во тој момент се пошегува и ја зема флашата па гестикулираше како да пие, а потоа и само дофрли неколку пцовки до навивачите на поранешниот клуб. Откако се малку се смири, Ди Марија за француските медиуми се обиде да се објасни што се случувало на теренот на „Олд Трафорд“.
„Беше тешко од првата минута, но знаев дека ова ќе се случи. Сепак, јас никогаш не зборував лошо за Манчестер Јунајтед или било кој во клубот освен за Ван Гал кој ме избрка. Само со него имав проблем и мислам дека не заслужив вака да бидам пречекан“, изјави Ди Марија.
Денес во медиумите се појавија и најави дека Аргентинецот поради се што направи би можел да добие казна од УЕФА.