Во Барселона сигурно сакаат да го заборават тешкиот пораз од Баерн во Лигата на шампионите со 8:2, меѓутоа тој ќе биде болна точка за фудбалерите и навивачите сигурно подолго време.
По тоа следуваше едно лошо лето во кое Лионел Меси беше на работ на заминување, но Бартомеу успеа присилно да го задржи. Следуваше реконструкција си заминаа Иван Ракитиќ и Артуро Видал, а многу брзо тоа ќе го направат веројатно бекот Семедо и Луис Суарез.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Серхио Роберто беше еден од играчите за кој исто така се шпекулираше дека можPoе да го напуштат клубот, но сега изгледа дека ќе остане. Роберто потсети на тој тежок пораз за Барселона.
„Тешко дека некој од нас ќе може некогаш да го заборави тој натпревар. После тој натпревар повеќе не сакаваме да играме фудбал“, изјави Роберто кој потоа потврди дека нема да замине.
„Во моите последни години од кариерата сакам да одам во Америка. Барселона ќе биде мојот клуб се додека играм во Европа“, заврши фудбалерот.