Летонска Рига вчера официјално го промовираше Дарко Мицевски, а денес потврден е трансферот и на вториот вардарец во овој клуб, Јован Попзлатанов.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија помина три години во Вардар и за него ова е прв интернационален трансфер. Попзлатанов е последен во низата фудбалери кои го напуштаат Вардар поради неизвесната иднина на клубот.
Претходно од Вардар си заминаа Чарлстон (Македонија Ѓ.П), Марко Мартинага (Академија Пандев), Матеј Цватановски (Шкупи), Дарко Мицевски (Рига), во Академија Пандев премина и тренерот Васоски.