Aко им веруваме на германските медиуми Ливерпул започнал преговори со Каи Хаверц.
Играчот за врска на Баер е еден од најбараните играчи во овој момент, а покрај Ливерпул тој се поврзуваше уште со Манчестер Сити, Баерн, Реал Мадрид и Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Билд“ тврди дека Хаверц и неговите агенти оствариле конкретни преговори со Ливерпул.
Баер за неговите услуги бара сума од 110 милиони евра. Хаверц се смета за еден од најталентираните играчи во Германија и веќе стана важен дел од репрезентацијата.
Неговиот договор има важност до 2022 година, но се претпоставува дека клубот ќе го пушти ако добијат конкретна понуда.
Неодамна овој играч стана најмладиот фудбалер со 100 натпревари во Бундес лигата.