Португалскиот играч Ренато Санчез ќе го напушти Лил и ќе се пресели во Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што објави новинарот Енцо Бучиони, Лил ја прифатил понудата од Ливерпул и Португалецот за 20 милиони евра ќе ги засили Црвените во текот на јануари.
Санчез во Лил пристигна од Баерн Минхен, кој го донесе од Бенфика како голема фудбалска надеж, но овој 23-годишен играч не успеа да ги исполни очекувањата.
Португалецот претходно веќе играше во Премиер лигата за екипата на Свонси како позајмен играч од Баерн, одигра 12 натпревари, а повредата го спречи да остави поголема трага.