Дома Трансфер зона После долго време – Гвардиола и Сити го рушат рекордот на Буфон?

После долго време – Гвардиола и Сити го рушат рекордот на Буфон?

Според пишувањето на англиските медиуми Манчестер Сити има намера да го сруши рекордот кога во прашање се голманите.

Пеп Гвардиола е силно заинтересиран за голманот на Бенфика, Едерсон Мораеш и спремен е за него да плати 35 милиони фунти.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во овој момент рекордер е голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, за кого „старата дама“ во далечната 2001 година на Парма и плати 31 милион фунти.

Сити оваа сезона немаше среќа со голманите. Доведувањето на Клаудио Браво се покажа како грешка, па во финишот од сезоната помеѓу стативите беше Вили Кабаљеро. Искусниот Кабаљеро, сепак го напушти клубот после завршувањето на сезона, па „граѓаните“ се во потрага по нов чувар на мрежата.

Изборот на Гвардиола падна на 23 годишниот Бразилец кој блеска во дресот на Бенфика и шпанскиот тренер нема да штеди пари да го доведе талентираниот голман и така да се обезбеди на голманската позиција на подолг временски период.

Интересно е што доколко до дојде до овој рекорден трансфер, целата сума нема да и припадне на Бенфика, со оглед на тоа дека Едерсон е само 50% во сопственост на клубот од Лисабон. Остатокот е распределен помеѓу поранешните клубови на бразилскиот голман Рио Аве и Рибеира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гиљермо Очоа наредната сезона ќе брани во нов клуб

Во текот на актуелната сезоната Салернитана промени три тренери, но и понатаму се мачи со …