Дома Останати Тенис После дисквалификацијата на Ѓоковиќ стигна реакција и од Пабло Карењо

После дисквалификацијата на Ѓоковиќ стигна реакција и од Пабло Карењо

Вест на вечерта е дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од УС Опен.

Имено, во финишот на првиот сет од осминафиналето против Пабло Карењо Буста, Ѓоковиќ случајно со топката ја погоди линиската судијка, по што организаторите одлучија да го дисквалификуваат.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Оваа одлука не му се допадна на првиот светски рекет кој се обиде некако да го оправда потегот, но не успеа во намерата.

Од друга страна, неговиот противник не жали поради тоа што вака заврши натпреварот и со тоа успеа да обезбеди место во четвртфиналето. Новинарите после натпреварот го прашаа дали оваа одлука е оправдана, а неговиот одговор беше краток и јасен.

„Правилата се правила.“ – порача Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …