Дома Фудбал После десет месеци, публиката се враќа во Премиер лигата

После десет месеци, публиката се враќа во Премиер лигата

Одлични вести пристигнуваат од Островот. Десет клуба добија дозвола на стадионите да имаат публика до максимум 2 000 лица.

Навивачите во Премиер лигата, по речиси десетмесечна пауза, викендов конечно ќе се вратат на фудбалските стадиони, во намален број и со стриктно почитување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Согласно рестриктивниот протокол, навивачите ќе мораат да носат заштитна маска на лицето, да одржуваат социјална оддалеченост на трибините и да се воздржат од гласно скандирање и пеење навивачки песни.

Првиот натпревар во Премиер лигата, кој за прв пат од март годинава ќе се игра со публика, ќе биде мечот во сабота меѓу Вест Хем и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…