Денес започнува последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а пред 12 екипи веќе си го обезбедија пласманот во нокаут фазата. Место има за уште четири.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Баерн Минхен, Арсенал, ПСВ Ајндховен, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Интер, Атлетико Мадрид, Лацио, Борусија Дортмунд, Манчестер сити, Ред Бул Лајпциг и Барселона се клубовите за кои ова последно коло нема резултатско значење.
Во групата „А“, Копенхаген, Галатасарај и Манчестер Јунајтед имаат шанси за второто место. Најдобра позиција пред почетокот на средбите има данскиот претставник на кого му е доволен бод против Галатасарај ако Јунајтед изгуби од Баерн. Ако Галатасарај победи, тогаш турскиот тим дефинитивно е во нокаут фазата. За Јунајтед да се надева на второто место мора да победи, меѓутоа и во таква ситуација ќе зависи и од исходот на средбата помеѓу Копенхаген и Галатасарај,
Наполи на Елмас има се во свои раце, па и со минимален пораз против Брага ќе бидат во осминафиналето.
Од натпреварите кои се играат утре Борусија Дортмунд во „групата на смртта“ веќе е осминафиналист, а во игра за второто место остануваат ПСЖ, Њукасл и Милан. Францускиот гигант со победа во Германија и дефинитивно ќе биде втор, а им одговара и ако Њукасл не го победи Милан дома. Англичаните мораат да победат, а ПСЖ да изгуби или да одигра реми против Борусија. Милан нема опција и мора да победи, но во исто време и ПСЖ да изгуби во Германија.
Последниот патник ќе го добиеме од директната пресметка помеѓу Порто и Шахтјор во групата „Х“. На португалскиот тим му одговара и реми бидејќи на првиот натпревар со Украинците славеа со 1:3.