Дома Трансфер зона Португалците тврдат дека е завршено: Гвардиола добива засилување од 50 милиони евра!

Португалците тврдат дека е завршено: Гвардиола добива засилување од 50 милиони евра!

Aко им веруваме на португалските медиуми Манчестер Сити го обезбеди првото засилување за наредната сезона.

Според информациите на португалскиот весник „А Бола“ нов член на „граѓаните“ ќе стане 24 годишниот репрезентативец на Португалија, Бруно Фернандеш.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој офанзивен играч за врска ги воодушеви сите со настапите во дресот на Спортинг. Најголемите клубови во Европа веќе покажаа интерес за неговите услуги, а на крајот изгледа трката ја добил Сити.

Интерес за Фернандеш покажуваше и Манчестер Јунајтед. Сепак, на крајот Португалецот го избрал градскиот ривал, а екипата од Лисабон за овој трансфер ќе добие сума од околу 50 милиони евра.

Фернандеш има само 24 години. Како тинејџер на 17 години премина во италинанската Новара, а потоа го носеше дресот на Удинезе и Сампдорија.

Дресот на Спортинг го носи од 2017 година. Прикажуваше навистина одлични настапи во португалскиот клуб и сега има шанса добро да ги наплати.

Оваа сезона Бруно е навистина одличен. Настапи вкупно на 49 натпревари во сите натпреварувања и има учинок од 28 голови и 16 асистенции.

Ако Сити навистина го доведе ќе добие дополнителна сила во офанзивниот дел, играч кој лесно може да реши натпревар.

Фернандеш е стандарден член на репрезентацијата на Португалија, за оваа селекција настапи на 11 натпревари и постигна еден гол.

https://www.youtube.com/watch?v=VS7nPmxNZKM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…