Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Португалија со гол во судиско продолжение ја победи Чешка🎥

Португалија со гол во судиско продолжение ја победи Чешка🎥

Португалија со пресврт и гол во 92-та минута славеше над репрезентацијата на Чешка со 2:1.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Херој на Португалците беше Франциско Консеисао, синот на легендарниот Серџо Консеисао, кој успеа да постигне победнички погодок во 92.минута од дуелот.

Португалија беше подобар противник во првото полувреме, создаде неколку добри шанси, но не успеа да постигне гол.

Казната стигна во 62-та минута кога Чешка дојде до водство. Само неколку минути подоцна Робин Хранац си постигна автогол и ја врати Португалија во игра за триумф, кој стигна во судиското продолжение со деби голот на Консеисао Јуниор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Уште ги боли неговото заминување: Реал сака да го врати Тони Крос!

Шпанскиот гигант размислува за враќање на легендарниот германски играч за врска. Улични ку…