Дома Фудбал Англија Портсмунт по 12 години се врати во Чемпионшип: Следуваа спектакуларни сцени 🎥

Портсмунт по 12 години се врати во Чемпионшип: Следуваа спектакуларни сцени 🎥

Портсмут го освои трофејот во Лига 1 (трета лига на Англија) и обезбеди пласман во Чемпионшип (втора лига на Англија), a по враќањето во втората лига следуваа неверојатни сцени.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Портсмут помина 12 години во третата и четвртата лига, а сега успеа да се врати во Чемпионшип. Во минатото овој тим играше и во Премиер лигата каде што последен пат беше во сезоната 2009/2010.

Портсмут го совлада Барнсли со 3:2 со голот на Конор Шонеси во 89. минута и на две кола пред крајот на лигашкиот дел од сезоната го освои трофејот и обезбеди промоцијата во повисок ранг.

Добри шанси да се врати во Чемпионшип има и Дерби кој е на втората позиција.

Навивачите беа во целосна екстаза, па по завршувањето на натпреварот масовно влетаа на теренот. Следеа сцени снимени од дрон кои изгледаат фантастично.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави англиски клуб кој е подготвен на Влаховиќ да му исполни се што сака!

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ би можел да ја продолжи кариерата во англиската Премиер л…