Јуниорите на Порто ја освоија Лига на шампиони за младинци, откако во финалето го совладаа Челси со 3:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Финалето се играше во Нион пред околу 4.000 гледачи, а Порто дојде до водство во 18. минута преку погодокот на Фереира.
Сепак, Челси успеа да изедначи во осмата минута од вториот дел, кога Редан ја затресе мрежата на Португалците.
Порто беше подобар противник и заслужено покасно стигна до два гола и до победа. Прво Квериос постигна погодок за 2:1 во 55 минута, а дваесетина минути подоцна Соуза ги постави конечните 3:1.
Порто претходната сезона во полуфиналето испадна од Челси, па сега им се реваншира на Англичаните и стигна до трофејот.