Дома Македонски спорт Мак ракомет Порто покажа „заби“, но само го налути Вардар

Порто покажа „заби“, но само го налути Вардар

Европскиот и македонски шампион Вардар ја запиша втората победа во ЛШ оваа сезона, прва пред своите гледачи, откако го порази Порто со 32:27.

Порто се покажа како достоен ривал во првото полувреме, но во второто Вардар заигра онака како што знае и комплетно го надигра противникот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар анемично го отвори првиот дел, па Порто лесно дојде до водство, кое го одржуваше до крајот на првиот дел.

„Црвено-црните“ започнаа одлично во вториот дел па уште во првите десет минути направија предност од седум разлика 27:20. На крајот, Вардар стигна до бодовите со победа 32:27, за пефектен старт во ЛШ.

Криштопанс и Чупиќ беа најефикасни со по 7 гола, а ги следеа Дибиров и Шишкарев со по 5 голови.

Во наредното трето коло ракометарите на Давид Писонеро ќе му гостуваат на Мотор Запорожје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Бенфика

Младиот играч на Бенфика, Жоао Невеш го привлече вниманието на многу европски гиганти. Нај…